По повеќедневна борба со Ковид 19, денеска почина Илче Котевски, претседател на РК ,,Преспа“.
Илче беше познат во градот во Преспанскиот регион и како добар угостител, хуманист и сограѓанин секогаш прв да помогне и излезе во пресрет на ресенчани.
Ресен тагува. Нема човек кој не плаче по Илче, велат негови сограѓани.
Илче Котевски беше и успешен ракометен голман.
Тој е меѓу првите заразени од овој град и во болницата 8 Септември во Скопје се наоѓаше некаде од 10 јуни со променлива здравствена состојба.
Пред два три дена значително му се влошила состојбата, па примил и крвна плазма, но од утрината бил поставен на респиратор, а кусо потоа починал.
Ресенчани се простуваат од Илија Котевски.