Италијанецот Доминик Парис го освои златниот медал во супервелеслалом на светското првенство во Оре, Шведска. За Парис ова е прв златен медал на светските првенства во алпско скијање а вкупно втор во кариерата, тој освои сребро во Шладминг во 2013 година.

Парис конкуренцијата ја победи со време 1:24.20 , второто место и сребрениот медал го освоија двајца скијачи со идентично заостанување зад победникот од девет стотинки , Јоан Клари од Франција и Винсент Крихмаер од Австрија .