Франција со пресврт и неверојатен финиш ја победи Германија со 26-25 и стигна до бронзата на Мундијалот во Германија и Данска.

Сега веќе поранешниот светски првак, Франција, со голот на Никола Карабатиќ во последната секунда запиша победа против Германија, ова беше супер интересен и незивесен напревар во кој Германија го доби првото полувреме со 13-9 , Франција доминираше во второто 17-12 и забележа победа.

За Франција ова е трета бронза на Мундијалите, претходно идентичен резултат остварија на шампионатите 2003 и 2005 година во Тунис и Португалија. Нaјефикасен во составот на Франција, Кентин Мае со 7 голови, кај Германија се истакна Генсхајмер исто така со 7 голови.