Ова е паркингот во срцето на Скопје. Карши Гранд хотел, сега Холидеј Ин, до ГТЦ…
Ова е слика која не се менува со години, напротив, само се влошува.
Секоја грмушка е претворена во депонија.
Ова е еден од најфреквентните паркинг простори, но не само за автомобили, туку и за пешаци. Тука секојдневно пристигнуваат високи гости, државници, странски туристи.
Со паркингот стопанисува Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Собира пари, но освен тоа, ниту го чисти, ниту обновува нешто, ниту водат грижа за било што.
30 денари за еден час, а секој нареден 20. Навечер нема осветлување, а дупките наоколу се опасност не само за автомобилите, туку и за вашите нозе.
Секое можно место се користи како ѓубралник, па и овој напуштен камион.
Неверојатна неодговорност на надлежните , на градоначалниците, на граѓаните, на сите. Ова е неприфатливо и неверојатно. Едноставно, тотално неодговорно!
АКО.мк