Срам! Штипјанец застана и си натовари коцки од тротоарот што се поплочува(видео)

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, објави видео направено од граѓанин очевидец на дрска кражба на бекатон коцки со кои се поплочува тротоарот во населбата Сеник во Штип.

,,Додека ние работиме на зголемување на безбедноста на граѓаните преку поставување на нов кружен тек, некои го оштетуваат и крадат она што е заедничка сопственост на граѓаните …
Срамота!“-реагираше Бочварски.

Човекот со бел автомобил и регистарска табличка ШТ-105-ББ, сред бел ден застана крај патот, излезе и зеде неколку коцки кои веќе беа наредени на тротоарот, го затвори багажникот и си замина.

Во Македонија насекаде се краде и уништува јавното добро. Бехатон коцките се разнесуваат од тротоарите во Охрид, каде кај Билјанини извори тротоарот е десеткуван со стотици коцки и тоа така стои со години.

Во Битола тукушто насадени илјадници корени темјанушки беа искорнати преку ноќ.

Во Скопје по населбите се крадат млади садници, се уништуваат детските паркови и се корнат заштитните гумени плочи под реквизитите.

На кеј зад спортската сала во населба Аеродром лани беше украдена целата заштитна мрежа и железните столпчиња на патеката….

АКО.мк