Србинка и нејзините ќерки близначки починаа од глад во Виена

’45 годишната Србинка Весна М. и нејзините 18 годишни ќерки близначки, се пронајдени мртви во станот во кој живееле во Виена.

Обдукцијата покажала дека сите три починале од глад.

Нивните тела се пронајдени два месеца по смртта.

Мајката имала психички проблеми и сама се грижела за своите хендикепирани ќерки.

Полицијата утврдила дека првин починала Весна, а потоа нејзините ќерки кои веројатно не успеале да се јават никому или да излезат од станот поради нивната здравствеена состојба. Тие биле екстремно неухранети.

Пред да се разведе од својот сопруг, Весна трпела физичко и психичко малтретирање.