Србите не се откажуваат од Грција, на бугарска граница чекаат со часови во километарски колони

Грчките погранични служби ги тестираат заа Ковид 19 сите српски туристи пред да влезат во Грција.

И покрај неизвесноста дали воопшто ќе стасаат на море, колку ќе чекаат на граница и дали откако ќе влезат евентуално, нема да бидат вратени во Србија, српските туристи и утрината чекаат во километарски колони на граничниот премин Кулата во Бугарија.

Според информациите на српските портали кои се базирани од сведочења од лице место на социјалните мрежи, пред граничниот премин од бугарска страна има повеќекилометарска колона и уште толку пред грчката граница.

Се чека со часови, но сепак желбата за море кај Србите е очигледно поголема од сѐ.