Србија: Ги убил синот,сопругата и шурата, ја ранил снаата , па се самоубил

 

Во српското село Барич крај Голубац, Божидар Д.(77) заради кавга за тв антена извршил троструко убиство, а потоа се самоубил во дворот од селската црква. Во крвавиот пир, Божидар успеал тешко да ја рани и снаата.

Убиецот бил австриски пензионер, а целото негово семејство работело во Австрија.

 

Началникот на полициската управа во Пожаревац изјавил дека на убиствата и самоубиството им претходела клавга меѓу синот и таткото.

Злосторството и самоубиството се направени од пиштол за кој Божидар имал уредна дозвола уште од 1998 година.

Полицискиот началник за медиумите изјавил дека во ова семејство досега немало никакви проблеми или пријави за насилство,а тие биле солидно финансиски и имотно ситуирани.