Србија: Деца-мигранти најдени скриени во камион

Српски цариници денес на граничниот премин Шид спречија обид на двајца мигранти скриени во камион, на врвот на товарот, да влезат на територија на Европската унија.

Две деца од Авганистан од 12 и 16 години се откриени при детална контрола на камион којшто превезувал мебел од Јагодина кон Италија.

Тие како и многу нивни претходници ја искинале церадата од горната страна на приколката и се вовлекле во тесниот простор, во кој можеле да бидат само лежечка положба.

На цариниците во прв момент им се причинило дека товарниот простор е исполнет до крај со кутии со разни видови на мебел и дека таму немало место за криење.

Сепак, како што се наведува во соопштението на српската царинска управа, било утврдено дека трагите на кои им укажал возачот на камионот биле траги од децата кои биле пронајдени во тесниот простор меѓу кутиите и церадата од горниот дел на товарниот простор.