Потпретседателката на српската влада и министерка за градежништво, Зорана Милановиќ, изјави дека е завршена последната делница од најкомплицираната досега изведба на автопат низ Грделичка клисура.

Со ова, Србија се поврзува комплетно со автопат од македонска граница до Унгарија во должина од 600 километри.

Патувањето низ коридорот 10 , во кој спаѓа и македонскиот дел од автопатот, ќе биде многу олеснет за сите кои патуваат во овој дел од Европа.

Изградбата на делницата низ Грделичка клисура се смета за градежно ремек дело, за што беше потребно неколку години заради исклучително тешката конфигурација на теренот.

Оваа делница ќе биде пуштена во употреба до крајот на мај.