Србија и Црна Гора со јасна можност за зачленување во ЕУ до 2025, Македонија со шанса да им се приклучи

 

Европската Комисија ја објави Стратегијата за Западен Балкан, во која покрај шанси за зачленување на земјите аспиранти им испорача серија барања .

На прес-конференција што се одржа во Стразбур, беше кажано дека Стратегијата предвидува јасна европска перспектива за шесте држави од регионот.Сепак,  Србија и Црна Гора, се пред другите земји од Западен Блакн, како единствени кои веќе го започнаа процесот на преговори со Унијата,. За нив агендата е со јасна перспектива за нивно можно зачленување до  2025 година .

Секоја земја посебно ќе се вреднува во исполнување на своите задачи, а дали ќе ги достигнат потребните реформи и што ќе направат, ќе биде нивна виза за зачленување до оваа проектирана година.

За Македонија, но и за останатите три држави од групата, е важно дека Брисел ја остава отворена можноста тие да ги престасаат другите држави или во најмала рака да им се придружат, но во зависност од исполнетите задачи.

Комисијата уште еднаш потврди дека е подготвена да препорача отворање на преговорите со Македонија, врз база на исполнување на условите.

„Денес, земјите покажуваат јасни елементи на заробеност на државата, вклучително и врски со организиран криминал и корупција на сите нивоа на владата и администрацијата, како и силна испреплетеност на јавните и приватните интереси. Сето тоа гради чувство на неказнивост и нееднаквост“, се наведува во Стратегијата.

ЕК бескомпромисно бара  решавањето на билатералните проблеми (особено пограничните) и помирување меѓу соседите. Притоа, Србија е конкретно условена дека мора  да постигне правно обврзувачки документ за нормализација на односите со Косово.

 

Инаку , реформите кои земјите треба да ги направат се добро познати од порано и се однесуваат на владеење на правото, департизирана држава, решавање на граничните проблеми , борба против корупција и друго.

Паралелно со барањата за западнобалканските држави, ЕК најави шест иницијативи кои во следните години треба да помогнат во напорите за трансформација на земјите од регионот.

АКО.мк