Србија купува од Русија борбени авиони и ракетен систем

Српскиот премиер Александара Вучиќ во Москва зборуваше дека неговата земја останува воено неутрално. Тој вели, тоа им го кажал и на Брисел и на Вашингтон. Но, со гордост соопшти дека се финализира договорот за купување 6 борбени авиони МИГ 29 М„. На ова исто така со гордост рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу одговара-,,никој не смее да го чепка тој што има руски мигови,,.

Оваа зделка на Србија ќе и донесе и 30 модифицирани тенкови Т-72, потоа исто толку борбени извиднички оклопни возила и неколку топови, како подарок од Русите.

Србија преговара со Русија за набавка на ракетен систем ,,Бук,, од моделот М1 и М2.

Српските медиуми коментираат дека оваа вест од Москва има посебно значење со оглед на информациите за постојано вооружување на соседните земји, па нагласуваат дека со постоечките 4 и овие новите 6 Мигови, Србија ќе има најмодерна воена ескадрила во овој дел од Европа.

-Небото над Србија ќе биде апсолутно безбедно, ние не му се закануваме никому, ние само сакаме да бидеме безбедни и недај боже ако треба, да имаме со што да се одбраниме-вели Вучиќ.

 

Тој делуваше прилично задоволен и среќен, а неговите фотографии се насекаде во медиумите.

 

 

 

АКО.мк актуелно-објективно