Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави дека не е исклучена можноста за испраќање на српска војска во Косово и Метохија заради заштита на српското население.

,,Не ни е до војна , но секако дека ќе испратиме војска ако затреба, за да ги заштитиме Србите од убивање,,-рече на прес конференција Николиќ.

Тој откри дека вчерашниот ден кога Белград направи едностран обид да воспостави железничка линија Белград-Косовска Митровица , односите меѓу Србија и Косово биле на граница на меѓусебен судир.

Според Николиќ, појавувањето на специјалните косовски сили РОСА и на вооружени Албанци, било порака дека Албанците од Косово сакаат војна.

Вчера наутро, руски воз со нацртани икони и православни религиски симболи, тргна кон Косовска Митровица со патници, новинари и политичари, но не успеа да ја мине административната граница и се врати назад.