Србија потпиша договор со кинеска компанија вреден една милијарда долари

Делегацијата на Република Србија, која е во посета на Народна Република Кина , потпиша договор за инвестирање во Србија вреден  една милијарда долари.

Министерот за финансии, Синиша Мали, во Пекинг го потпиша рамковниот договор меѓу Влада на Србија и кинеската компанија ,,Шандонг Линглонг” за вложување во Зрењанин, преку инвестирање во фабрика за производство на автомобилски гуми. Инвестицијата ќе биде вредна  една милијарда долари.

Претседателот Александар Вучиќ ја предводи српската делегација во Кона, која ќе потпише 11 договори во износ од над три милијарди долари.

Foto>Tanjug