Србија: Уапсени 16 криумчари на луѓе

Во акција на српската полиција уапсени се членови на криминална група од Бујановац и Прешево кои се занимавале со организирање на илегален влез, престој и транзит на мигранти.

Осомничените ги прифаќале мигрантите на македонско-српската граница, ги вдомувале извесно време, а потоа ги префрлувале до одредени дестинации од каде се упатувале кон земјите во Западна Европа.

Претреси се извршени на 16 локации на подрачјето на Прешево и Бујановац и се откриени 18 извршители на кривичното дело „недозволен премин на државната граница и криумчарење на луѓе“. Шеснаесет од нив се задржани во полициска станица и ќе бидат однесени на сослушување кај истражен судија после што ќе биде одлучено дали ќе им биде определен притвор.