На заедничката прес-конференција со Помошникот државен секретар за европски прашања на U.S. Department of State, Вес Мичел, ги потврдивме заложбите за понатамошно интензивирање на соработката, со цел остварување напредок на Република Македонија во евро-атлантските интеграции, изјави премиерот Заев.

Во објавената Стратегија за проширување на ЕУ, со земјите од Западен Балкан, се истакнува дека Македонија направи значителен напредок на нејзиниот европски пат, очекуваме во април, Европската комисија заедно со извештајот за РМ, да даде чиста препорака за почеток на преговорите, а Советот на ЕУ, во јуни, да донесе одлука за отпочнување на преговорите. Временски и стратешки, ова се совпаѓа и со нашата друга главна цел: Република Македонија како 30-та членка на НАТО, рече Заев.

Помошникот државен секретар Мичел подвлече дека вратите на НАТО се отворени за Македонија и истовремено ја истакна улогата на нашата земја во придонесувањето за мисиите на НАТО во светот.