Среде декември во Охрид летна атмосфера

Стабилното, ведро и сончево време, со пладневна температура околу 13-от степен целзиусов, измами денеска многумина охригани да излезат од домовите, што од плоштадот, чаршијата и крајезерското шеталиште, направи вистинска летна атмосфера среде декември.

Судејќи според автобусите со грчки, албански, полски, бугарски и ознаки од други земји, викендов во Охрид престојуваат и повеќе стотици странски туристи.

Топлиот и пријатен ден, под влијание на сува и потопла воздушна маса и за овој период невообичаено повисоки дневни температури, за охригани и гостите од другите македонски градови, беше добредојден, на денот на изборниот молк, да заборават на изборните карвани и заглушувачките партиски реклами и да се одморат од кампањата во релаксирана атмосфера.