Сред Битола со две деца во количка крадел цвеќиња од јавните површини

Битола не може да се одбрани од крадци на цвеќиња засадени изминатиот период на јавните површини низ градот. Не помагаат ниту јавните апели на градоначалничката, ниту реакциите на голем дел битолчани.

Порталот апла.мк регистрираше уште еден крадец на цвеќе, возрасен човек со две деца во количка.

,,Корнел цвеќиња и полнел најлони, средовечен битолчанец ја соголи цветната алеа пред Безистенот во Битола непосредно до подвозникот. Минувачите од автомобилите му довикувале да не корне, да не уништува, но тој упорен во намерата продолжил, а за да ги земе со себе откорнатите цвеќиња буричкал и претурал во контејнерот со ѓубре во непосредна близина за да најде најлонски кеси за полесно да ги однесе дома. Кражбата се случила на очиглед и на минувачи и на дуќанџиите од Безистенот кои, иако го прекорувале, продолжил да краде. Немилиот настан се случил околу 17 и 15 часот, вчер, додека бесрамникот со бебешка количка возел две деца и тоа едното  на горниот дел од седиштето, а другото речиси на земја во делот за складирање на торби“пишува порталот

apla.mk