Сред владина кампања пратеник на СДСМ пријавен за семејно насилство

„На 27.11.2019 год во 21.30 часот во СВР Скопје се јавила М. А. (37) од Скопје и пријавила дека сопругот К.А. (40) од Скопје се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца. Полициски службеници излегле на местото на пријавата за расчистување на случајот“, информираат од МВР за наводното семејно насилство што го направил пратеникот на СДСМ, Костадин Нацевски, како што информира порталот Нетпрес.

Пратеникот Костадин Нацевски, фото Нетпрес

Овој настан не е дел од редовниот полициски билтен објавен на страницата на министерството.

Семејната драма во домот на пратеникот се случува сред кампања против насилството врз жената и девојчињата, во која учествува речиси целиот државен врв од СДСМ.