Голем број српски навивачи го бодреа нивниот идол на теренот во Синсинати, кадешто Новак Ѓоковиќ ја испиша историјата. Во САД живее многубројна српска дијаспора и на сите турнири се присутни за да навиваат за Ноле:

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, го освои турнирот во Синсинати, со што ја комплетираше својата колекција од трофеи.

Со 6:4, 6:4, Ѓоковиќ во финалето го победи Швајцарецот Роџер Федерер.

Синсинати се до вечерва беше неосвоива тврдина за Новак и овој турнир секоја година му беше најголем предизвик.

Со победата над Федерер, Ѓоковиќ е единствен тенисер во историјата на кого му успеало да ги освои сите 9 Мастерс 1000 турнири.

Новак Ѓоковиќ ги има освоено и сите Гренд Слем титули, што го прави дополнително рекордер во тениската историја.