Српската опозиција прашува каква е улогата на Вучиќ во бегството на Груевски

 

Каква е улогата на властите во Белград во бегството на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски? Му помогнал ли Вучиќ? Дали им наредил на структури во БИА незаконски да го спроведат до Унгарија, низ српска територија?

Овие прашања ги поставија Движењето на слободни граѓани и Граѓански блок 381, опозициски здружени политички партии под раководство на Саша Јанковиќ, противкандидат на Вучиќ последните претседателски избори во Србија.

Според опозицијата, Србија е ,,сигурна зона“ и ,,Фри шоп“ за богатите луѓе кои бегаат од правдата во своите земји.

Потсетуваат дека , Мухамед Дахлан, советник на шеикот бин Зајед, иако е на меѓународна потерница, добил државјанство и орден од Србија. Дури ја држи под наем претседателстата вила на Дедиње.

Според српската опозиција, ,,режимот на Вучиќ“, му обезбедил азил на Себастијан Гици, романсски дисидент кој се бара со меѓународна потерница за перење пари и друг криминал.

Движењето на слободни граѓани, бара одговори од Вучиќ и владата, и најавува дека за овие случаи во иднина ќе има и одговорност.