Српската премиерка Ана Брнабиќ е можен наследник на Вучиќ во СНС?

Одлуката на премиерката Ана Брнабиќ да стане член на владејачката Српска напредна странка, за некои политички коментатори е можеби елегантно решение таа да го наследни актуелниот претседател на партијата , претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Доколку тој реши да се повлече од челото на партијата, Брнабиќ е можеби добро речение за претседател на СНС, смета претседателот на УНС(независниот српски новинарски синдикат) Владимир Радомировиќ кој ја коментираше одлуката на Брнабиќ на Н1, таа да се зачлени во партијата.

Таа досега не беше член на СНС, а стана премиерка на предлог на Вучиќ.

Радомировиќ коментира дека Ана Брнабиќ добро се снаоѓа во улогата на премиер, Вучиќ е задоволен, па е сосема можно да ја предложи за свој наследник во партијата.

Но, секако тоа може да предизвика бура во самата партија, бидејќи има аспиранти за претседателското место од нејзини долгогодишни членови.

Фото: Српската премиерка Ана Брнабиќ со нејзината животна партнерка