Српска водителка остана без рака во тешка сообраќајна несреќа

Водителката на утринската програма на тв Пинк, Деа Ѓурѓевиќ, утрината доживеала тешка соообраќајна несреќа, во која, како што јавуваат дел од српските медиуми, останала без рака.

Таа првин имала имала сообраќајка со друго возило. Кога излегле да видат каква е штетата, наишол автобус кој ја изгубил контролата поради замрзнатата улица и удрил директно во неа.

Брзата помош ја однела повредената новинарка во болница и над неа се врши тешка операција, соопштуваат српските медиуми.

Некои медими јавуваат дека лекарите се обидуваат да ѝ ја сошијат откинатата рака на несреќната девојка.