Српска ,,задругарка“ го налути епидемиологот д-р Предраг Кон

Српскиот епидемилог, д-р Предраг Кон, кој воедно е и член на Кризниот штаб за борба против Ковид 19, испрати предупредувачко писмо до премиерката поради непочитување и бојкот на мерките пропишани за заштита од корона вирусот.

Тој објави на својот ФБ профил дека не може да поверува на своите очи и дека ,,извесна“ пејачка направила два концерта со публика која не почитувала никакви заштитни мерки.

,,Снимките што ги добив од Смедерево и од Врњачка Бања покажуваат тотално непочитување и бојкот на епидемиолошките мерки против заразната болест. Сите лекари кои работеа во ковид болниците, анестезиолози и пулмолози, ова го гледаат како повод за повторно полнење на болниците и нови пациенти на респиратори. Родителите на децата што треба да тргнат во училиште се разочарани и се чувствуваат измамено. Сега се плашат за нив. Апелирам на државните органи да си ја работата својата работа и да не дозволат вакви масовни собирања“ ѝ пишува д-р Кон на премиерката Брнабиќ.

Српските медиуми објавија дека тој најверојатно мисли на новата реалити ,,ѕвезда„, задругарката Теодора Џехверовиќ, која одговорила дека таа не ги организирала журките

Журките што го налутија д-р Предраг Кон

Новата српска реалити ѕвезда изјавила дека и таа едвај дочекала да се врати на работа, како и сите други што сакаат да си обезбедат егзистенција.