Српскиот епископ Давид кој служеше литургија за патријархот Иринеј хоспитализиран како ковид позитивен

Епископот крушевачки Давид вчера е хоспитализиран со влошена здравствена сосотојба во ковид центарот ,,Драгиша Мишовиќ“ во Белград, известува порталот нова.рс.

Иако нема официјална потврда за неговата здравствена состојба, овој портал пишува дека тој најверојатно е ковид позитивен и дека и при служењето на погребното опело во храмот ,,Св. Сава“ за патријархот Иринеј, очигледна било дека не се чувствува добро.

Тоа значи, пишува овој портал, дека тој најверојатно го служел погребното опело како ковид позитивен.

Досега од редовите на СПЦ од ковид 19 починаа 5 високо позиционери свештени лица, меѓу кои и патријархот Иринеј.