Српскиот епископ Милутин и двајца свештеници заразени од коронавирус

Епископот валевски Милутин и двајца свештеници на оваа епархија, се заразени од коронавирус, го пренесува Б92 соопштението на оваа епархија.

Тие се наоѓаат на инфективната клиника во Белград.

Потенцираат дека епископот меѓу првите ги презел сите мерки на заштита, дека престанал да оди по куќи за осветување на домовите пред Велигден и дека бил во некаква самоизолација.

Изминатите денови беа објавени снимки од неделната литургија во црква во Нови Сад , на која верниците се причестуваа од еден сад и со една лажичка.

И покрај бројните реакции, од Синодот на СПЦ одговорија дека причеста ќе продолжи и дека верниците доаѓаат доброволно со својата верба во Бог.