Српскиот кошаркарски репрезентативец Кузмиќ во кома по тешката сообраќајна несреќа

Српскиот репрезентативец, кошаркарот Огњен Кузмиќ, доживеа тешка сообраќајна несреќа по судир со друго возило на патот Приједор-Бања Лука , по што неколкупати се превртел.

Според неофицијални информации, тој се враќал од свадба кога на патот кон Бања Лука се судрил со БМВ, а потоа се превртел со неговото возило.

Кузмиќ е во кома , а неговиот автомобил марка Порше е целосно уништен.

Фото: приједорданас.ком

Кузмиќ има скршеници на двете вилици и нагмечување на градниот кош.

Огњен Кузмиќ

Тој бил примен во болница во Бања Лука, но заради серизоноста на повредите итно ќе биде префрлен во Белград.