Обновено: Српските медиуми ја поправија веста за смртта на патријархот Иринеј и сега информираат дека лекарите се борат за неговиот живот

Патријархот на Српската православна црква Иринеј, почина од Ковид 19, јавија српските медиуми пред десетина минути.

Но, веднаш по првичната објава се огласи СПЦ со ново соопштение во кое тврдат дека патријархот е жив, но приклучен на апарати и во тешка состојба.

Новости. рс кои ја објавија веста за смртта на Иринеј, ја поправи и сега наведува дека борбата за неговиот живот продолжува.

СПЦ утрината издаде ново соопштение за здравствената состојба на патријархот, во кое стоееше дека повторно се влошила.

Во раните утрински часови на 15 ноември 2020 година, откако се појавија симптоми на влошување на хроничната срцева слабост, тој беше префрлен во Воената болница.

Конзилиумот на лекари специјалисти континуирано ја следаеа неговата здравствена состојба.

Патријархот Иринеј, држеше света литургија во Црна Гора и бдееше над отворениот ковчег со телото на митрополитот Амфилохије, кој почина од последици на Ковид 19, минатиот месец. По тридневната погребна церемонија со шетање на телото на починатиот, негово изложување и простување од него со бакнување во круната и рацете, бројот на заразени во редовите на СПЦ, но и во Црна Гора, драстично скокна.

Некои лица кои се фотографираа со телото на Амфилохије починаа од Ковид 19.