Српски ,,Курир” поранешниот министер Вуксановиќ го направи бездомник, тој професор на факултет

Интересен развој доби приказната за поранешниот министер за образование Слободан Вуксановиќ, кој според ,,шокантната” приказна на српски ,,Курир,, во меѓувреме станал -бездомник. Се разбира дека ваква вест ќе го ,,онесвести,, бројчаникот што ги бележи посетите и читаноста, но често тие се само шпекулација и спин.

Друг сличен портал ,, Блиц,, тргнал по трагата на веста и дошол до сосема поинакви информации. Вуксановиќ е професор на еден приватен универзитет во Белград, а го нашле со своите студенти.

Вуксановиќ им рекол дека е и материјално и станбено обезбеден и дека живее на Врачар.

Тој рекол дека и не е многу изненаден од измислената приказна бидејќи како поранешен политичар има искуство дека пред избори се лансираат секакви приказни. Сепак не можел да поверува во какво филмско сценарио го ставиле и со какава брзина се раширила веста.

Во високо-образовната институција потврдиле дека Вуксановиќ е доктор на науки и дека во 2014 година е избран за доцент.

Приказната на ,,Курир, пак, содржеше сочни детали дека го пронашле на клупа, изгладнет, а по пријава на граѓани дури дошол и лекар да го прегледа! За да биде приказната поверодостојна, цитираат и анонимни извори кои тврдат дека го гледаат секој ден тука и дека е тоа тажно.

Инаку , Слободан Вуксановиќ беше Министер за образование во времето на Воислав Коштуница.

АКО.мк