Српски полицаец се разнесе со бомба во автомобил во кој настрада и женско лице

Припадник на српската жандармерија утрината околу 9 часот, активирајќи експлозивна направа во автомобилот со кој управувал, се самоуби.

До него на совозачкото место се наоѓала жена, која исто така загинала во експлозијата, пренесува српскиот портал novosti.rs.

Трагедијата се случила на патот меѓу Стара Пазова и Батајница, а се претпоставува дека самоубиството и убиството се заради љубовни проблеми.

Новости информирааат дека патот е блокиран, а полицијата врши увид.