Српски студенти им одржаа лекција на професорите кои јавно го поддржаа Вучиќ

По објавување на прогласот од страна на СНС во кој околу 650 јавни личности му дадоа поддршка со потпис на Александар Вучиќ ,  меѓу кои  професори од белградскиот Универзитет, се огласија студентите.

Тие исто така објавија оглас-проглас, во кој на своите професори им порачаа дека се срамат од нив. Им забележуваат дека сега се огласиле во јавност за дадат политичка поддршка на одреден претседателски кандидат, а не кога требало да се брани академската чест.Покрај студентите се огласија и 80 професори од Филозофскиот факултет кои се оградуваат од нивниот декан кој застанал зад Вучиќ, потенцирајќи дека тоа е само негов личен чин.

Како што известува Н1 телевизија, студентите на професорите им порачуваат:

,,Професорите немаат ниту чест, ниту образ. Пред две години кога се утврди дека функционерот на СНС Небојша Стефановиќ  и градоначалникот на Белград Синиша Мали имаат плагијати како докторски дисертации, вие молчевте. Денес речиси гордо стоите до Александар Вучиќ, кој и тогаш и сега ги брани тие плагијати“- им пишуваат студентите на своите професори.

Овие студенти порачуваат дека нема да молчат.

За ова во Србија известува единствено Н1 телевизија . Сите други медиуми молчат.

Александар Вучиќ е единствен од 11 претседателски кандидати кој одби да гостува на оваа телевизија. Сите други го искористија својот еден часовен термин за предизборно интервју.