Српски турист се самоубил во хотел во Тунис

Српски турист на возраст од 40 години, извршил самоубиство во хотелската соба во хотел во градот Сус, во Тунис, соопшти тамошната полиција.

Како што пренесуваат српските медиуми, портпаролот на Основниот суд , кажал дека телото е пренесено на обдукција во Универзитетскиот болнички центар во овој туристички град.

Според туниските медиуми, српскиот турист извршил самоубиство со бесење во хотелската соба кадешто бил сместен.

Во Сус на одмор дошол со својата сопруга, но не е познато каде се наоѓала таа за време на трагедијата.

Архивска фотографија