Српски хуманитарец и семејството на словачки пратеник меѓу загинатите патници во етиопскиот авион

Ѓорѓе Вдовиќ (54) е меѓу загинатите патници во падот на авионот на Етиопиан Ерлајнс, кој се урна утрината на релацијата Адис Абеба-Најроби.

Загинатиот Србин бил вработен во Светската програма за храна на Обединетите нации.

Сестрата на Ѓорѓе за српски Блиц изјави дека има сомнеж дека нејзиниот брат е еден од загинатите патници, но дека се надева дека тоа не е точно бидејќи нема официјална потврда.

Словачкиот пратеник Антон Хрнко на својот ФБ профил објави дека во авионската несреќа ги зигубил својата сопруга, синот и ќерката.

Меѓу странските патници се наоѓале и членови на француска делегација кои патувале на конференција во Најроби.

Од авионот не остана речиси ништо.

Во оваа тешка авионска несреќа загина сите 157 патници и членови на екипажот.