Александар Ставрев ќе биде главен судија на дуелот меѓу Франција и Молдавија во квалификациите за ЕП 2020 година. На Ставрев на 22 март ќе му помагаат Марјан Кировски, Дејан Костадиновски и Димитар Мечкаровски.

Ставрев по втор пат во кариерата ќе ја дели правдатата на натпревар на кој ќе настапи актуелниот светски првак Франција, беше главен судија на средбата меѓу „Триколорите“ и Луксембург во 2017 година од квалификаците за СП во Русија.

За Кировски, натпреварот меѓу Франција и Молдавија ќе биде јубилеен 100-ти во неговата меѓународна судиска кариера.