Старата скопска чаршија станува нова жртва на градежната експанзија и алчноста за профит. На местата на малите двокатни куќи се почесто „никнуваат“ огромни згради, иако станува збор за дел од Скопје кој би требало да биде под заштита бидејќи важи за значајно културно-историско наследство. Тоа најдобро го илустрира состојбата во која се најде една од најстарите куќи во чаршијата. Лоцирана е на улицата „113“ на десетина метри од нејзината соврсничка, позната како куќата на Ганчо,пишуваsamoprasaj.mk

Таа и денес е семејна куќа – на три ката кои се издигнуваат над деловен простор во кој е сместена маалска берберница.

Помеѓу куќата и зградата има едвај два метра

Иако со очигледни промени од првобитниот изглед и габарит, таа во просторот е како џуџе меѓу џинови. Од левата, десната и задната страна буквално е опколена од три станбени згради повеќекатници збиени на тесен простор, на оддалеченост од едвај неколку метри. Нејзината предна страна преку тесната раскопана се „огледува“ во стаклените ѕидови на хотелот „Арка“.

„Се задушуваме“, ни коментираат нашите соговорници во берберницата и додаваат дека она што се прави последниве години тука е надвор од секакви стандарди.

Целата приказна е на овој линк:http://samoprasaj.mk/naacik/

Фотографијата е преземена од Самопрашај, автор: Томислав Георгиев

Оригинален наслов на текстот:Една од најстарите куќи во Старата скопска чаршија под опсада