Старо-новата Нокиа повторно на пазарот

Речиси 17 години по првото појавување, некогаш најпопуларниот модел на мобилен телефон  ,,Нокиа 3310“, повторно е на пазарот. Новата верзија може да се купи за 49 евра.

Новата верзија на овој модел не се разликува многу од првобитниот, но има екран во боја и камера со 2 мегапиксела .

Предноста на овој модел, според производителите е тоа што батеријата на овој телефон ќе трае многу подолго од батериите на смартфоновите, бидејќи главно ќе служи за разговори и испраќање пораки.
 Новиот модел ќе може да се најде во неколку бои.