Стевчо Јакимовски го нарече новинарот што го пцуеше ,,идиот, морон и хиена“

Во текст со наслов ,,Морон“ објавен на порталот Инфомакс, Стевчо Јакимовски го нарекува новинарит што го опцу вчера пред судот, идиот и морон, а неговото спроведување и кривичната пријава од Финансиска полиција-класична СДСМовска, покварена работа.

,,Ќе не суделе за наводна злоупотреба на службена функција, и потоа ќе се чудат зошто сум го опцул оној МОРОН кој ми бараше изјава пред судот. Замислете, мене ме спроведуваат полицајци, ме носат на судење, а тој ми се згнал со микрофонот во уста да сум му дал изјава. Што ИДИОТ треба да си, да очекуваш дека ќе застанам да ти дадам изјава во невозможни услови, ниту пак тоа ќе ми го дозволат полицајците. Уште помалку сакам да ги ставам во непријатна ситуација недолжните полициски службеници“-пишува Јакимовски.

,,Најмалку пак сакам во таква ситуација да му дадам изјава на новинар од телевизиска куќа која повеќе од 7-8 месеци не побарала од мене изјава, ниту ме повикала на емисија. Во се треба да се има достоинство. Не може да бидеш ХИЕНА.  Затоа со целосен респект кон оние новинари кои професионално си ја обавуваа својата работа и известуваа од целиот спектакл.

Вистинска правна држава е, кога истражните органи ќе затропаат на вратата на министерот за здравство, сега и веднаш, а не после шест години и го запрашаат – „Зошто ги групираше набавките за реагенсите на едно место? Зошто ти и твоите пријатели формиравте фирма во Белград пред три месеци? Зошто формиравте фирма во Македонија со ниту еден вработен на маил жути.ком? Кој друг ви помагаше во оваа работа?“- пишува Јакимовски.