Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски и неговите соиграчи од Спортинг Лисабон, биле нападнати од навивачите на својот клуб. Нападот се случил за време на тренингот на Спортинг, кога хулиганите ги искршиле просториите во базата каде што тренираат фудбалерите, го претепале напаѓачот Бас Дост, а настрадале и уште неколку играчи и членови на стручниот штаб. Стефан Ристовски поминал без повреди.

Причина за ваквото дивеење е поразот на тимот на гостувањето кај Маритимо со кој Спортинг го загуби второто место на табелата и нема да игра во Лигата на шампионите.

По овој инцидент, фудбалерите на Спортинг одлучија да го напуштат клубот. Некои ќе станат слободни играчи и не сакаат да останат, а некои веднаш побараа раскинување на соработката.