Стејт Департмент:Политичарите кои вршат опструкции во Македонија да одговараат за постапките

„Македонските граѓани избраа парламентарни претставници во декември и постои јасно мнозинство во Собранието, коешто чека да формира Влада. Соединетите Американски Држави ги поттикнуваат македонските лидери да сторат сè што можат, за формирање на Влада без натамошно одлагање за да може државата да продолжи со реформите потребни да стане полноправна членка на евро-атлантското семејство. Политичарите кои се обидуваат да го блокираат формирањето на Владата, ги обезвреднуваат владеењето на правото, демократските процеси и стабилноста на Македонија и регионот пошироко. Ние ќе работиме со нашите европски партнери на охрабрување на овие политичари, да престанат со нивните опструкции, вклучувајќи и земање на одговорност за нивните постапки“.

Ова е изјава од портпарол на Стејт Департмент дадена на барање на Гласот на Америка на македонски јазик да добијат реакција за актуелната политичка криза во Македонија.