Стинг повторно ја отвори Батаклан (видео)

,,Нема да ги заборавиме,,-рече музичката ѕвезда Стинг пред насобраните луѓе на повторното отворање на концертната сала Батаклан во Париз, една година по терористичкиот масакр.

Терористички џихадисти минатата година во синхронизиран напад дивеејќи низ улиците на Париз и во Батаклан, пукајќи, убија повеќе од 130 луѓе, а ранија неколку стотици.

Нападите истовремено беа изведени на 6 локации.

И синоќешниот концерт на Стинг во Батаклан беше одржан под големи мерки на безбедност.

bataclan                sting

Само во концертната сала беа убиени 90 посетители.

Видео од концертот на Стинг во Батаклан.