,,Скопје се претвора полека, и тоа многу тенденциозниои смислено,  во еден центар од каде ќе се одвиваат силни активности кон Србија, во соработка со луѓе од нашата опозиција, а посебно во соработка со наши бизнисмени кои се таму советници на Заев„. Вака ја започна авторот емисијата на ТВ Коперникус, во која денеска беше гостин пратеникот во македонскиот Парламент , Иван Стоилковиќ.

,,Се работи за многу сериозни работи, за кои мора да зборуваме отворено, бидејќи отидоа многу далеку. Македонија влезе во ,,црвена зона“ кога станува збор за односите со Србија. Ако почнеме да зборуваме за се што знаеме, со какви субверзивни активности се занимава Македонија кон Србија, кој знае како тоа ќе ги вознемири граѓаните. Оваа власт не дојде на легитимен начин.“- вели Стоилковиќ во ова интервју.