Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов на пречекот на плоштадот „Македонија“ беше во свој елемент, возбуден и среќен , својот говор го почна со:

„Еј луѓе по втор пат велам, Вардар е Европски шампион ! “ .

Стоилов потенцираше дека неговите соиграчи секаде ќе раскажуваат за овој Вардар и Македонија .

„Овие што ги гледате зад мене, тие се најголеми амбасадори на нашата држава. Голем дел од нив не се Македонци и еден ден ќе си одат во нивните држави и ќе кажуваат. Си беше еднаш еден Вардар, во една Македонија. Верувајте, најубавиот дел од нивните кариери ќе им биде Вардар. Да живее Вардар, да живее Македонија!“, изјави Стоилов.