Столтенберг: НАТО е посилен од порано

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, од Вашингтон порача дека Алијансата е појака и поагилна отколу порано.

Тој по средбата со американскиот претседател, Доналд Трамп, рече дека НАТО има најголеми засилувања во колективната одбрана од било кога и дека за првпат во историјата нивните трупи се распоредени во источната хемисфера, односно на Балтикот и во Полска.

,,Троструко ги зголемивме силите за брза реакција, ја модернизиравме командата и европските сојузници и Канада сега вложуваат повеќе во одбраната и ги модернизираат своите воени структури“.

На овој начин Столтенберг одговори на критикие на францускиот претседател Макрон дека НАТО е клинички мртва организција.

Столтенберг додава дека НАТО секогаш функционира според принципот сите за еден и покрај внатрешните проблеми и несогласувања по некои прашања, а тоа е целта на организацијата, вели генералниот секретар, пренесува Глас на Америка.