Голема колона поддржувачи на референдумот маршираа низ улиците на Скопје , за да дојдат пред седиштетото на ЕУ.

Низ улиците може да се забележат стотици автобуси паркирани од двете страни на булеварите, со кои дојдоа приврзаниците на СДСМ и на референдумот, за да дадат масовна поддршка да се гласа ЗА на 30 септември.

Организаторите им поделија маички на присутните, а тие при секое спомнување на името на Иванов, Мицкоски или на вМРО ДПМНЕ, скандираа, свиркаа и извикуваа ,,УА“.

Програмата што се одвива на бината е проследена со спотови, на кои се пуштаат поддржувачите на референдумот.

Пред присутните зборуваат актери, политичари, но и новинари. Им се обрати и Томислав Кежаровски, кој го симна своето палто и пред сите на бината ја облече маичката со логото ,,ЗА“. Тој кажа дека ќе гласа ЗА на референдумот.

Свое обраќање на македонски и на албански јазик имаше претседателот на Собрание на РМ, Талат Џафери.

Програмата ја води заменик министерот за култура, Владимир Лазовски.