Стотици илјади луѓе евакуирани, десетици мртви и исчезнати во пожарите во САД

Повеќе од половина милион луѓе се евакуирани пред налетот на огнената стихија во сојузната американска држава Орегон.

Има десетици исчезнати и најверојатно настрадани, но засега се потврдени идентитетите само на 4 жртви, објави Би-Би Си.

Повеќе од 100 големи пожари се активни ширум Америка, а некои од нив се подметнати.

Најтешко се погодени Орегон, Калифорнија и Вашингтон.

Уништени се цели населби, изгорени огромни пространства шуми.

Се спасуваат и животните од фармите.