Стотици чевли расфрлени на падините на Скопска Црна Гора

На социјалните мрежи се појавија фотографии од расфрлени чевли на падините на Скопска Црна Гора. Според Дејан Спасовиќ, кој ги постираше овие фотографии, се работи за кинески чевли, главно по една од пар и во огромна количина. Граѓаните ја повикуваат комуналната инспекција да излезе веднаш на терен и да го пронајдат несовесниот загадувач.

Локацијата на расфрлените чевли е на половина пат меѓу село Чучер и Горно Блаце, 500 метри под патот.