Селекторот на машката сениорска репрезентација г-дин Данило Брестовац ги објави промените во списокот на ракометари за квалификациски натпревар против репрезентацијата на Грција за обезбедување на пласман на ЕП 2020.

На утрешниот натпревар селекцијата на Македонија ќе настапи со три промени во однос на претходниот натпревар одигран против Турција во Ескишехир.

На местото на Стојанче Стоилов кој е повреден ќе настапи Горан Крстевски, Дарко Димитриевски ќе биде замена на повредениот Милорад Кукоски, и на местото од Томислав Јагуриновски е Мартин Серафимов.

Македонија утре со почеток во 18:00 часот ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите против репрезентацијата на Грција во Струмица.