Странски туристи ги галат и хранат, охриѓани ги трујат!

Љубители на животни и граѓански активисти од Охрид , деновиве алармираат дека се врши масовно труење на уличните кучиња. И тоа пред очите на туристите!

Ова јадно и мирољубиво куче, за туристите е живо и мило суштество. Не го одминуваат, го галат и го хранат.

Но, само еден ден потоа, таа лежеше отруена во центарот на Охрид.

Невладини здружениа и граѓани бараат итна реакција на градоначалникот, локалната самоуправа и полицијата.