Студентски пленум се огради од Туфегџиќ

На својата ФБ страница Студентски пленум информираше дека нема свој претставник на изборните листи на СДСМ.

,,Во врска со написите кои излегоа во медиумите дека како деветти кандидат во првата изборна единица во избирачката листа на СДСМ се јавува претставник на Студентски пленум остро ги отфрламе како неточни.

Студентски пленум како активен чинител во општественото и политичко уредување во Република Македонија јавно и недвосмислено се оградува од jавните и приватните ставови на Ивана Туфегџиќ.

Заклучно, Студентски пленум нема репрезент на претстојните избори па граѓаните и граѓанките студенти кои ги споделуваат принципите на Студентскиот пленум единствено можат да придонесат преку активно вклучување во него.”

Останува нејасно кој го напишал соопштението бидејќи е објавено без потпис и имиња.

Туфегџиќ пак, за некои медиуми изјави дека критиките се добродојдени. Таа е на изборна листа за кандидат за пратеник на место број 9 како претставник на Коалиција со граѓани.