Судењето за нарачаните шлаканици за Жерновски, по изборите

Адвокатаот Никола Додевски со писмен поднесок побара , а судот го одложи судењето по изборите за кое Специјалното јавно обвинителство на 15 септември поднесе обвинителен предлог против екс премиерот Никола Груевски и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и за уште три лица како нарачатели на насилствата во Општина Центар, но и за уште девет лица како извршители на нарачаните кривични дела во јули 2013 година.

,,Адвокатското друштво Никола Додевски со писмен поднесок го извести Основниот суд Скопје 1 – Скопје дека адвокатот Никола Додевски бранител на М.Ј., второ обвинет во предметот со К.бр 1904/16 во врска со настаните пред Општина Центар, за кој главната расправа е закажана за 21.11.2016 год. е спречен да присуствува на закажаната главна расправа бидејќи истиот е организатор и ќе учествува на дводневна работилница за Имплеметација за Законот за одмерување на казни, организирана од Адвокатската комора на Р.М., Амбасадата на Соединетите Американски држави во Скопје и Бирото за меѓународна борба против наркотиците и спорведување на законите, кој настан бил закажан пред  да ја добие поканата за закажаната главната расправа.

Во прилог на поднесокот, адвокатот ја доставил агендата од настанот и бара главната расправа, заради спреченост да присуствува како бранител на второобвинетиот, да се презакаже согласно член 351 став 2 и 3 од ЗКП „Главната расправа може да ја одложи и по службена должност поради здравствени или други оправдани причини, а причините за одлагањето и образложението за нив се внесуваат во наредбата за одложувањето, односно записникот“.

Инаку, за закажаната главна расправа, преку соопштение на веб страната на судот, јавноста беше информирана уште на 29.09.2016 година кога беа испратени и поканите до странките, но со оглед на поднесокот на адвокатот Додевски, а имајќи ги предвид одредбите од член 351 ст.2 и 3 од ЗКП како и фактот дека за седмо и десето обвинетиот, од 14 обвинети опфатени во предметот, се уште не е добиена повратница дека го примиле обвинителниот предлог и поканата, судечкиот судија кај кој беше распореден предметот, по службена должност, а со оглед на распоредот на претходно закажани расправи за други предмети, ја презакажа главната расправа за 16.12.2016 година, за што ги извести странките” -се вели во соопштението од Основен суд Скопје 1.

Специјалното јавно обвинителство на 15 септември поднесе обвинителен предлог против екс премиерот Никола Груевски и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и за уште три лица како нарачатели на насилствата во Општина Центар, но и за уште девет лица како извршители на нарачаните кривични дела во јули 2013 година.

Обвинението од СЈО е оформено врз основа на  прислушуваните  телефонски разговори и дополнителни истражни мерки. Според прислушуваниот разговор на први јуни 2013  двајца поранешни носители на највисоки функции во извршната власт, станува јасно дека   дека насилствата биле нарачани за да се спречи седницата за бришењето на ДУП-от на Мал Ринг и на други урбанистички планови, заради лукративни причини, од лични и бизнис интереси-информираше неодамна на прес конференција СЈО.

Според обвинението, првообвинетиот Груевски со умисла побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината. Во целата операција, која била наместена, наводно заради уривањето на проектираната црква Свети Константин и Елена, а која воопшто не  била ставена на дневен ред на седницата.Од внатре преку мобилен телефон советници на општина Центар од ВМРО ДПМНЕ, кои се меѓу обвинетите, давале насоки како да се изведуваат нападите.